Аргентинецот Сампаоли е нов тренер на Олимпик Марсеј

Aндре Виљаш Боаш одлучи да поднесе оставка на клупата на Марсеј откако доведе играч кој тој не го сакаше. Португалскиот стратег на почетокот на овој месец соопшти дека си поднесувао ставка затоа што во последниот ден од преодниот рок го довел Оливер Начман од Селтик, играч за кој тој сметал дека не му е потребен. Откако Начман бил претставен за нов фудбалер Виљаш Боаш одлучи да си замине. Челниците на Марсеј сакаа да го доведат Маруцио Сари за нов тренер, но тој ја одби нудата на овој клуб. Сега е објавено дека Марсеј веќе ја завршил работата и нов тренер на францускиот клуб ќе биде Хорхе Сампаоли. Сампаоли ќе потпише договор до летото 2023 година.