Барса има „план Б“ – преговара со Лаутаро

Не успеа мисијата на Барселона да дојде до потписот на Хулијан Алварез. Аргентинецот многу веројатно ќе остане во Атлетико Мадрид, и покрај неговата желба и желбата на Каталонците тој да стане играч на Барселона.
Денеска од Атлетико повторија дека нема начин како Алварез би се преселил во Барселона, односно немаат намера да го пуштат и затоа се чини дека тимот од Каталонија ќе мора да го активира планот „Б“.
А, тој план се нарекува Лаутаро Мартинез. Аргентинецот е легенда на Интер, во меѓувреме стана и капитен на тимот, и е еден од најдобрите играчи на италијанскиот првак. Тешка ќе биде мисијата на Барселона и за Лаутаро, но информациите од Шпанија говорат дека тимот наскоро ќе треба да испрати официјална понуда.
Барселона е во потрага по напаѓач по заминувањето на Роберт Левандовски во САД. На крилните позиции Барса го ангжираше Адејеми, но го загуби Феран Торес, а исто така пред неколку дена го ангажираше и Родри.