Барса стравува од казна од УЕФА за „случајот Негреира„

Раководството на Барселона изрази сериозна загриженост во врска со можната суспензија на тимот од Лигата на шампионите, објави весникот – „Марка“.
Имено, тековната истрага за „случајот Негреира“ може да биде причина за евентуална примена на дисциплински мерки од страна УЕФА.
Правниот случај произлегува по објавувањето на информации за финансиски трансфери од каталонскиот клуб на сметките на Хозе Марија Хенрикез Негреира, кој беше потпретседател на техничкиот комитет на судиите во Шпанија.