Болоња го позајми Бенџамин Домингез во Сасуоло

Фудбалскиот состав Сасуоло го обезбеди Бенџамин Домингез од Болоња на позајмица со опција за откуп за 10 милиони евра на крајот од сезоната.

Иако 23-годишникот се поврзуваше со трансфер во Бока Јуниорс или Васко де Гама, сепак ќе остане најмалку уште една сезона во Серија „А“.

Аргентинскиот интренационалец има одиграно 48 натпревари за Болоња со ефект од четири голови и шест асистенции.