Вангел Алтипармаковски нов тренер на Кожуф

Второлигашот Кожуф информираше дека Вангел Алтирпамаковски е нов тренер на првиот тим.
„Вангел Алтипармаковски е нов шеф на стручниот штаб на ФК Кожуф
ФК Кожуф го промовира Вангел Алтипармаковски како нов шеф на стручниот штаб, кој ќе го предводи сениорскиот тим во продолжението од сезоната.
Негов помошник ќе биде Стојче Кречев, кој досега работеше како тренер во младинските категории на клубот, а сега преминува во стручниот штаб на сениорскиот тим.
На Алтипармаковски и Кречев им посакуваме успешна работа, многу победи и заеднички успеси со ФК Кожуф!“, стои во соопштението на клубот од Гевгелија.