Вардар поразен и во вториот дуел со Висла

Ракометарите на Вардар го загубија и четвртиот натпревар во Лигата на шампионите откако Висла на свој терен во Полска вечерва беше подобра со 33-32.

Не помогна за Вардар ниту одличното издание на Јака Малус кој имаше девет гола од исто толку обиди, а без промашување беше и Воркапиќ кој постигна осум гола.

Со три помалку средбата ја заврши Левар. На спротивната страна домаќинот го предводена Бјер Фредрик со седум и Дажек Михал со шест гола.

Вардар со овој пораз ги загуби сите шанси за место во следната фаза бидејќи е единствен без бодови во групата „Б“ каде што Нант приреди изненадување и го совлада Мелсунген со што го презема врвот со шест бода, Висла и Мелсунген имаат по четири.