Вајналдум со можно враќање во Премиер лигата

Жоржињо Вајналдум во повеќе наврати изјави дека направи грешка со неговото заминување во екипата на Париз Сен Жермен и сега би можел повторно да се врати во англиската Премиер лига.

Медиумите во Англија пренесуваат дека е можно ПСЖ да му дозволи на Вајналдум да замине на позајмица, а најголем интерес за негово доведување покажала екипата на Арсенал.

Холанѓанецот би бил огромно засилување за тренерот Артета и неговото искуство би било од голема корист за останатите играчи. Во средниот ред тој би заиграл покрај Парти, а Гранит Џака би останал на клупата.

Вајналдум во тимот од Париз се соочува со огромна конкуренција, затоа што за неговата позиција голем број на играчи, како Верати, Гана, Паредес, Ерера или Данило.

Останува да се види дали тој ќе се избори за место во ПСЖ или заминување на позајмица е пореален избор.