Вајналдум ќе го напушти ПСЖ и ќе се врати во Њукасл?

Жоржињо Вајналдум ова лето како слободен играч го напушти Ливерпул и потпиша за ПСЖ. Холанѓанецот после неколку добри сезони се одлучи да го напушти Ливерпул затоа што сакаше нов предизвик во својата кариера, иако „црвените“ му нудеа нов договор тој ги одби.

Вајналдум имаше неколку понуди и во игра беше и Барселона, но на крајот се одличи за ПСЖ.

Холанѓанецот не добива голема минутажа во Париз, самиот призна дека не е среќен и веќе размислува да ја промени средината.

Англиските медиуми пренесуваат дека во јануари би можел да се врати во Премиер лигата и да потпише за Њукасл.