„Вечниот“ талент на Фергусон се враќа во англискиот фудбал

Нема сомнежи дека Равел Морисон можеше да постигне многу повеќе во својата фудбалска кариера. Англискиот играч за врска беше дел од фудбалската школа на Манчестер Јунајтед, во генерацијата со Пол Погба. Сер Алекс Фергусон во неколку наврати изјавуваше дека Равел е најголемиот талент кој имал прилика да го тренира, но „лудата“ глава на Морисон имаше други планови. Познат по своето непочитување на клупските правила и дисциплината, Морисон никаде не се задржа подолго. После Манчестер, промени уште 11 клубови, а сега има прилика за соработка со Хадерсфилд. Некогашниот премиерлигаш не стои баш најдобро во Чемпионшип, се наоѓа на пет бода од опасната зона. Морисон веќе некое време тренира со нив, а тренерот Корберан не ја отфрла можноста да го регистрираат до крајот на сезоната. Равел е слободен играч откако ја раскина соработката со холандски АДО Ден Хах во јануари.