Викарио: Овој Јуве не смее да го загуби фокусот

Голманот на Јувентус, Викарио, не крие дека е крајно изнервиран по вчерашниот пораз на теренот на Сасуло со 3-2 во меч од Серија „А“.

„Постои голема горчина бидејќи ние сме Јувентус и наша обврска е секогаш да се стремиме кон победа но, ја изгубивме рамнотежата.

Јувентус не може да прими два вакви гола. Треба да бидеме посмирени и избалансирани бидејќи имаме тим полн со квалитет“ ,вели чуварот на голот на „старата дама“ од Торино.