Виси одржувањето на борбата меѓу Фјури и Џошуа

Борбата меѓу Џошуа и Фјури е доведена во прашање
Долгоочекуваниот судир меѓу поранешните светски шампиони во тешка категорија Ентони Џошуа и Тајсон Фјури можеби воопшто нема да се случи.

Преговорите се одвиваат загрижувачки бавно, а промотoрот и советник Спенсер Браун призна дека веќе постојат сериозни сомнежи дали двете британски ѕвезди ќе постигнат договор.

Спенсер Браун од Голдстар не ја крие загриженостa дека една од најочекуваните боксерски борби во последниве години – меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури – би можела да пропадне.

Според него, главното одложување во моментов доаѓа од тимот на Џошуа.

Во интервју со Дев Сахни, Браун призна дека само пред една недела бил уверен дека борбата ќе се одржи. Сепак, сега ситуацијата изгледа поинаку.

„Сите почнуваат да се сомневаат. И за тоа има причина. Буквално пред една недела немав сомнежи. Но, сега ме загрижува тоа што сè се движи толку бавно“, рече Браун.

Официјално, таборот на Џошуа е против борбата да се одржи во САД.

Сепак, неофицијално, се тврди дека постои уште една пречка – промоторот на Џошуа, Еди Херн од „Мечрум“, не сака неговиот долгогодишен ривал Дана Вајт и Зуфа да го промовираат големиот судир.