Владо Милев со победа си замина во одбојкарска пензија

Најискусниот играч во машката одбојкарска селекција, 39-годишниот Владо Милев го одигра последниот натпревар во репрезентативниот дрес, но и воопшто во кариерата.
Владо Милев со победа над Израел беше испратен во пензија. Тој стави крај на едно поглавје кое скоро три децении го градеше како на домашната сцена, така и во интернационалните води, но и во репрезентацијата. Милев е еден од неколкумината наши одбојкари кој може да се пофали дека учествувал на сите четири Европски првенства на кои настапила Македонија.
Тој кариерата ја почна во родната Струмица, а играше и во Чешка, Белгија, Грција, Австрија, Романија, Кипар, Црна Гора, заврши во мај во Унгарија.
„Премногу и дадов и јас на одбојката, но и таа мене. Чувствувам дека е време за крај и телото ми го кажува тоа. Среќен сум што заминувам со победа со националниот тим, со среќен крај! Натпреварите на ЕвроВолеј покажа дека имам достојна замена и време е да се повлечам и да оставам помладите да превземат“, изјави Милев за ОФМ.