Газели со „стоп“ за шампионот, тај-брејк победа за Јанта Волеј КВ

Бранителот на титулата Работнички Скопје со пораз од Газели Волеј ја отвори новата сезона во Првата лига жени. Убедлива победа од 3-0 (25-16, 25-23, 25:-17) запишаа „газелите“ пред својата публика.

Газели Волеј одигра одличен натпревар во кој функционираа сите линии. Екипата делуваше сигурно и во играта во полето и на мрежата, а имаа и постојана контрола над резултатот.

Работнички Скопје кој пред десет дена го крена пехарот во Супер купот не успеја да најде одговор на играта на противникот, а најсилен отпор понуди во вториот сет кога се играше егал до самиот финиш.

Најинтересен, неизвесен и напнат дуел, кој траеше скоро три часа во првиот прволигашки викенд кај жените одиграа Младост УГД и Јанта Волеј КВ. По голема борба Јанта Волеј КВ со 3-2 (18-25, 26-24, 25-23, 19-25, 15-12) го совладаа домаќинот во Штип.

Ривалите одиграа неизвесен и интензивен меч со многу пресврти. Особено изненади вториот сет во кој домаќинот имаше предност од 24:-22, но не успеја да реализира ниту една сет топка, па одбојкарките на Јанта со пресврт изедначија на 1-1, а потоа поведоа и со 2-1.

Победникот го реши тај-брејкот во кој се играше егал до 12-12, а потоа со мини-серија гостите стигнаа до победата.

Ланскиот финалист Наковски Волеј имаше сигурен старт со максимална победа над Пелистер Волеј, додека освојувачот на Купот 2026 ЖОК Вардар ЕМ со 3-0 го совлада новиот прволигаш, Фламинго Волеј.

Струмица жени се радуваше во 3-1 во Скопје на гостувањето кај Фит Фан Волеј.