Гасперини порача да се респектира Јунајтед

Тренерот на фудбалерите на Рома, Џан Пјеро Гасперини, вели дека не смее да се потцени Манчестер Јунајтед, иако англискиот тим е во сериозна резултатска криза.

Стратегот на „волчицата“ очекува неговите избраници денеска да одиграат добар меч на „Олд Трафорд“ и да освојат нови бодови во Лигата на фудбалските шампиони.

„Тие минуваат низ тежок период во однос на резултатите во лигата, но тоа не смее да ни го одвлече вниманието. Aтмосферата на нивниот стадион е секогаш интензивна“ – вели Гасперини.