Германците ја одредија премијата за освојување на Мундијалот во Катар

Познат е наградниот фонд на германската репрезентација на Светското фудбалско првенство кое оваа година ќе се игра во Катар.     

Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) соопшти дека секој играч ќе добие по 50.000 евра за победа во групата, 100.000 евра за пласман во четвртфиналето и 150.000 евра за пласман во полуфиналето. За третото место премијата достигнува 200.000 евра, а за т.н. вицешампион 250.000 евра. 

Секој играч ќе добие по 400.000 евра за победа на Мундијалот. Германија ќе игра во Е-групата со Шпанија, Јапонија и Костарика. Светското првенство ќе се игра од 20 ноември до 18 декември.