Давид Силва му се враќа на фудбалот, ќе игра во Хонг Конг

Давид Силва би можел да направи големо изненадување и да се врати на професионалниот фудбал, иако пред три години официјално стави крај на својата кариера.

Легендарниот шпански играч за врска, кој последниот дел од кариерата го помина во Реал Сосиедад, наводно добил интересна понуда од Хонгконг. Идејата е Силва да се врати на терените и да биде голема ѕвезда во тамошниот фудбал.

Силва се пензионираше во 2023 година, откако претходно во кариерата остави огромна трага во Валенсија, Манчестер Сити и Реал Сосиедад. За Манчестер Сити одигра 309 натпревари во Премиер-лигата и постигна 60 гола, а со англискиот клуб освои четири шампионски титули.

Со репрезентацијата на Шпанија запиша 125 настапи и постигна 35 голови. Беше дел од генерацијата која го освои Европското првенство во 2008 и 2012 година, како и Светското првенство во 2010 година.

Доколку се реализира враќањето, 40-годишниот Силва би бил едно од најзвучните имиња кои некогаш настапиле во фудбалот во Хонгконг.

Хонгконг во моментов има активна Премиер-лига, со 11 клубови во сезоната 2026/27, меѓу кои се Китчи, Ли Ман, Истeрн и Тај По.