Дани Карвахал потпиша за Хетафе

Искусниот десен бек и некогашен фудбалер на Реал Мадрид Дани Карвахал не направи трансфер додека траеше трансфер пазарот, но улогата на слободен агент овозможи да биде достапен и после 1-ви септември.

ексклузивата на „Марка“ дека Карвахал ги договорил сите детали за трансфер во Хетафе, потврда за такво нешто пристигна и од претседателот на клубот, кој сега откри дека Дани веќе ги минал медицинските прегледи.

“Дани Карвахал веќе ги мина потребните медицински прегледи и договорот меѓу двете страни е постигнат. Недостасува уште бирократски да ги решиме работите. Потребно е да се договориме со Ла Лига за комплетирање на трансферот и дури тогаш се ќе биде завршено, – откри Анхел Торес.