Дауман го израмни рекордот на Руни

Напаѓачот на Арсенал, Макс Дауман (16 години ), влезе во историјата на англискиот фудбал постигнувајќи два гола во победата од 4:2 над Ипсвич Таун во Лига купот.

Младиот играч од средниот ред на „Топџиите“ стана само вториот играч на негови години што постигнал два гола во еден натпревар за клуб од Премиер лигата во сите натпреварувања, објави „Опта“.

Првиот што го стори тоа беше напаѓачот Вејн Руни. Во октомври 2002 година, идната англиска фудбалска ѕвезда постигна два гола за Евертон во натпревар од Лига купот против Врексам.

Макс Дауман има одиграно 14 натпревари за сениорскиот тим на Арсенал во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и една асистенција.