Депај се предомисли и потпиша нов договор со Коринтијанс

Само две недели откако си замина од бразилскиот тим Коринтијанс, односно не му беше продолжен договорот, Мемфис Депај се врати на „старата љубов“, и потпиша договор до 2028 година.

Холанѓанецот на почетокот на август си замина од клубо поради тоа што не се договори за нова соработка. Не играше на неколку натпревари, но сега се враќа во клубот, и тоа ќе остане до крајот на 2028 година.

Депај дојде во Коринтијанс во 2024 година, и беше еден од најдобрите играчи на оваа екипа. Екс фудбалерот на Лион, Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСВ, има одиграно 112 натпревари во дресот на Холандија.