Добива вистинско богатство – Дончиќ со нов договор во Далас

Словенецот Лука Дончиќ летово ќе потпише нов договор со Далас, за нова соработка од пет години се очекува цифрата да изнесува повеќе од 200 милиони долари.

Дончиќ блеска кај Далас, има просек од 27,7 поени, 8,6 асистенции и осум скока по натпревар, статистика со која импресионира, и која на Далас му помогна да запише 43 победи.

Далас ги заврши настапите во плејофот откако беа елиминирани од Лос Анџелес Клиперс во седмиот натпревар од серијата, сега на ред е нов договор со Дончиќ кој ќе сруши рекорди.