Европскиот куп во џудо ќе ја донесе цела елита во Скопје

Со затворањето на листата на учесници, дефинирани се сите елементи за почеток на уште еден голем џудо настан во Скопје, Европскиот куп за сениори – Скопје 2026, што ќе се одржи на 19 и 20 септември.

Натпреварите ќе бидат во салата „Јане Сандански“ од 9 до 19 часот а влезот е бесплатен. Свеченото отворање в сабота ќе биде во 16 часот.

-Како резултат на досегашните високи оценки за нашата организација ја добивме привилегијата да го организираме и овој куп кој ќе биде најмасовен досега во рамките на ова натпреварување во било која европска земја. Да потсетам уште еднаш дека своето доаѓање го најавија најдобрите европски и светски џудисти, бидејќи резултатите ќе се бодуваат и за Олимписките игри“ – вели претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпановски.