Елези јунак, Шкендија Арачиново скокна до третото место

Со погодокот на Дашмир Елези во последните моменти од мечот, тимот на Шкендија Арачиново на стадионот Чаир успеа да слави со минимални 1-0 над екипата на Скопје и со тоа да го комплетира најновото коло во ПМФЛ.
Конечно, по четири реми мечеви овој викенд, ова беше прва победа во ПМФЛ шампионатот ова коло.
Тимот на Шкендија Арачиново има три победи по ред во домашниот шампионат, односно четири вкупно.
Со 13 бодови во моментов арачиновци се трети на табелата.