Елмас казнет еден натпревар, ќе отсуствува од дуелот со Милан

Во финишот од вчерашниот натпревар меѓу Аталанта и Венеција, Елиф Елмас заработи директен црвен картон, но добро помина.
Македонскиот фудбалер добил само еден натпревар суспензија. Сепак тоа значи дека Елмас ќе го пропушти големото дерби против Милан кое се игра во следното коло.
Но, ќе му биде на располагање на Сари веќе во четврток за мечот против Пафос во Лига Европа.