Енцо даде зелено светло за Манчестер Сити: Се подготвува официјална понуда до Челси

Енцо Фернандез и логото на Манчестер Сити

Енцо Фернандез конечно ја отвори вратата за звучен премин во Манчестер Сити, изразувајќи подготвеност да стане дел од проектот на Енцо Мареска.

По периодот исполнет со интензивни шпекулации, преминот во редовите на манчестерскиот клуб се покажа како негова примарна желба. Аргентинскиот фудбалер бил силно привлечен од тактичката визија на неговиот поранешен менаџер, Енцо Марекса, кој цело лето се бори да го доведе Фернандез во неговиот нов клуб.

Откако ја добија согласноста од самиот играч, „граѓаните“ влегуваат во следната фаза од операцијата. Манчестер Сити уште од почетокот на летото ги интензивираше обидите да го доведе Аргентинецот, но нивните претходни официјални понуди брзо беа одбиени од раководството на Челси.

Сепак, Сити не се откажува: тимот од Манчестер сега ги претвора неформалните контакти во нова, уште поцврста формална понуда.

И покрај притисокот и желбата на играчот за нов предизвик, Челси задржува цврст став. Од „Стамфорд Бриџ“ јасно ставија до знаење дека ќе се разделат со Фернандез единствено доколку пристигне финансиски калибрирана понуда што ќе им овозможи веднаш да го реинвестираат капиталот и да го засилат тимот.

Исходoт од оваа сага сега целосно зависи од тоа дали двата клуба ќе успеат конечно да ги усогласат своите барања.