Еторе Месина го засили стручниот штаб на НБА-лигашот Атланта

Тимот на Атланта во новата НБА-сезона ќе има засилен стручен штаб. „Јастребите“ очекуваат да бидат сериозен кандидат за највисок пласман во сезоната 2026/27.
Следниот чекор е зајакнување на стручниот штаб со главниот тренер Квин Снајдер.
Клубот официјално го објави почетокот на соработката со Еторе Месина, Џејсон Лав и Серхи Олива. Месина штотуку го заврши својот мандат во Милано. Снајдер работеше под негово водство во ЦСКА Москва. Шеесет и шестгодишниот италијански кошаркарски стручњак ќе служи како консултант.
Лав ги помина последните две сезони како помошник тренер во Милвоки бакс и ќе ја преземе истата улога во Атланта. Пред тоа, тој помина пет години во Филаделфија.
Олива претходно работеше со Снајдер во Јута (2020-22). Последните четири години ги помина како помошник генерален менаџер во Портланд.
Олива ќе се фокусира на развој и стратешка анализа како советник.