Еурофарм Пелистер 2 моќно го прегази Тиквеш

Ракометарите на Еурофарм Пелистее 2 ја запишаа третата победа во новата сезона во Суперлигата, откако на домашен терен го совладаа директниот конкурент за место во плеј-офот, Тиквеш.

Битолчани славеа со убедливи 34-27 и освоија исклучително важни бодови во борбата за место меѓу најдобрите шест екипи.

Фантастични во таборот на домашниот тим беа Давид Димевски со девет гола од десет обиди, а два помалку имаше Симоновски.

За Тиквеш на врвот од листата на стрелците беше Ончев со осум погодоци.