ЕУРО 2020 – 22. Унгарија одблиску

Тројниот олимписки победник се врати на европската фудбалска мапа!

Фудбалската репрезентација на Унгарија го претставува унгарскиот интернационален фудбал и е под раководство од фудбалската федерација на Унгарија. Оваа селекција има респектибилна фудбалска историја, освојувајќи три титули олимписки шампион, две финалиња на Светски првенства и тоа во 1938 и 1954 година, и едно трето место на Европското првенство во 1964 година. Унгарците спровеле револуција во овој спорт во 50-тите години која се засновала на тотален фудбал и доминација во меѓународниот фудбал со неповторливиот златен тим во кој играле легенди како Ференц Пушкаш, најдобриот стрелец во 20 век по кој ФИФА ја именувала наградата за најубав гол. Споредна улога во оваа ера е највисокиот ранкинг на ранг-листата на сите времиња со 2.166 бода во 1954 година, една од најдолгите низи без пораз во фудбалската историја, останувајќи непоразени на 31 натпревар во повеќе од четири години.

И покрај овие успеси, унгарската репрезентација доживеа огромен пад почнувајќи од елиминацијата на Светското првенство 1986 година, од кога триесет години не успеале да се пласираат на едно големо натпреварување. Во годините на пад го стекнале и најслабиот ранкинг на ФИФА ранг-листата – 87 позиција во 1996 година, како и завземање на последната шеста позиција во квалификациите за Европско првенство 2008 година. Во квалификациите за Европското првенство во 2016 година успеаја да изборат место на Европското првенство што е најдобар успех во последните 40 години.

Собослаи е најголемата унгарска надеж на Европското првенство!

20-годишниот Унгарец, Доменик Собослаи, кој има откупна клаузула од 25 милиони евра, важи за еден од најперспективните играчи во Европа, па подолго време е во бележниците на гигантите.

Последните информации велат дека тој го одбрал следниот клуб, Скај Германија објави дека Унгарецот продолжува во Бундеслигата, во редовите не РБ Лајпциг.

Спортскиот директор на РБ Салцбург, Криштоф Фројнд бил на гости кај сестринскиот клуб, начелно е постигнат договор и се чека играчот да стави потпис на документите.

Унгарскиот клупски фудбал во целосен застој!

Со една титула, пет финалиња и уште седум полуфиналиња, унгарскиот клупски фудбал од денешна перспектива изгледа како гигант во сенка. Но, последните 30-35 години нивната моќ е сведена на минимум, квалитетот не ги носи ни во златната средина на континентот и единствено што може да ги доближи кон напред се новите стадиони, одличната инфраструктура и добро организираниот шампионат. За финалиња и титули којзнае дали повторно ќе се изборат.