ЕУРО2020 – 04. Италија одблиску

„Аѕурите“ никогаш не се исклучуваат, Манчини мерка титула на Европското првенство!

Фудбалската репрезентација на Италија ја претставува Италија на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалска федерација на Италија (FIGC). Својот прв натпревар репрезентацијата го одиграла во 1910 година, кога во Милано ја победи Франција со 6-2.
Италијанската репрезентација е една од најуспешните во историјата на Светските првенства со четири освоени титули (1934, 1938, 1982, 2006) – само една помалку од Бразил, две финалиња (1970, 1994), трето место (1990) и едно четврто место (1978). Во 1938 година Италија стана првата репрезентација која успеала да ја одбрани титулата на Светските првенства, и по паузата поради Втората светска војна, ја задржале титулата цели 12 години. Италија исто така претходно освоила два Централно-европски купа (1927–30, 1933–35) и Олимписки фудбалски турнир (1936). Откако поголемиот дел од репрезентативците ги загубиле животите во авионска несреќа во 1949 година, тимот не напредувал понатаму од групната фаза на следните два турнири на Светските првенства, а исто така не успеале да се квалификуваат за изданието во 1958 година – неуспех што не се случил повторно сè до изданието во 2018 година. Италија се вратила во форма дури кон крајот на шеесеттите години, кога го освои Европското првенство (1968), нивна досега единствена титула на ова натпреварување на кое имаат уште две финалиња (2000, 2012). Италија исто така настапувала и на Купот на конфедерации, каде најдоброто место го забележа во 2013 година кога завршиле како третопласирани.
Италија досега неколкупати била водечка репрезентација на ранг- листата на ФИФА, а последен пат во периодот јули-август 2006 година.

Новиот селектор донесе препород!

Роберто Манчини во мај 2018 година стана нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија, откако постигна договор со челниците на федерацијата, јавуваат тамошните медиуми.
Поранешниот тренер на Интер, Манчестер Сити и Галатасарај ја презеде новата функција по завршувањето на сезоната во руското првенство, кадешто го водеше Зенит од Санкт Петербург.
Италија бараше нов селектор откако Џампјеро Вентура доби отказ по дебаклот во квалификациите за Светското првенство во Русија.
Манчини одигра 36 средби и постигна четири гола за Италија и беше дел од тимот кој го освои третото место на СП 1990 на домашен терен.

Манчини избра супер-млад ростер на Европското првенство!

Иако има уште неполн месец до стартот на Европското првенство, италијанскиот селектор Роберто Манчини веќе го избрал поширокиот список. Станува збор за 40 фудбалери кои конкурираат за место во националниот тим, а од нив Манчини ќе треба да избере 26, но овој поширок список е со цел веќе од понеделник фудбалерите да бидат вакцинирани со прва доза на Фајзер/Бионтек, а потоа по стартот на тренинг-кампот да ја добијат и втората доза. Тренинг-кампот на италијанската фудбалска репрезентација е закажан за 24 мај на Сардинија, а потоа следуваат низа контролни мечеви, за националниот тим да биде подготвен за отворањето на шампионатот во Рим на 11 јуни во мечот со Турција.