Згасна поранешниот евролигаш Монако

АС Монако Баскет објави дека повеќе не е во можност да ги исполнува своите финансиски обврски и затоа ќе ги прекине своите операции.
Клубот потврди дека „и покрај сите напори не може да ги врши плаќањата“, со надеж дека во иднина ќе може да се реструктуира и да го рестартира проектот.
Монако не прецизираше кога евентуално би можел да се врати, но рече дека се надева дека „тимот Рока“ еден ден повторно ќе игра во неговата сала „Гастон Медесан“.
Со ова, барем засега, завршува проектот кој во текот на претходните 12 години постигна одлични резултати во Франција и европската кошарка.
Во тој период, Монако освои три титули во францускиот шампионат, четири Купа, два француски Купа и еден Суперкуп.
Најголемиот европски успех дојде во 2021 година, кога го освои Еврокупот и со тоа му ја донесе на Кнежевството првата европска титула во тимски спорт.
После тоа, Монако двапати стигна до Фајналфорот на Евролигата, а еднаш играше во финалето на елитното европско натпреварување. Тоа се случи пред само 18 месеци.