Зубименди прв пик за зимскиот преоден рок на Реал Мадрид

Реал Мадрид се подготвува да го продолжи договорот со Тибо Куртоа, но паралелно со тоа, во клубот веќе се размислува и за засилувања во зимскиот преоден рок.
Според информациите од Шпанија, белгискиот голман постигнал договор со раководството на „кралскиот клуб“ за продолжување на соработката до летото 2028 година. Куртоа моментално е еден од најважните играчи на Реал и продолжува да ја оправдува довербата со своите настапи меѓу стативите.
Куртоа пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2018 година и во досегашниот период освои 12 трофеи, меѓу кои три титули во шпанското првенство и две во Лигата на шампионите. За Реал има забележано 342 настапи, примил 334 гола, а на 131 натпревар ја зачувал својата мрежа.
Со новиот договор, Белгиецот би можел да ја заокружи и својата прва деценија во Мадрид.
Покрај договорот со Куртоа, вниманието го привлекува и планот за зимскиот преоден рок. Според истите информации, Жозе Мурињо побарал од претседателот Флорентино Перез да ангажира нов креативен играч за врска во јануари.
Причината е незадоволството од досегашниот придонес на Бернардо Силва, кој не ги исполнил очекувањата по пристигнувањето во клубот.
Не беше тајна дека прв пик на Реал беше Енцо Фернандез, кој на крајот замина во Сити. Затоа сега прва желба е Мартин Зубименди.
Зубименди, наводно, не е целосно задоволен од својата улога во тимот на Микел Артета, но евентуалниот трансфер би зависел од финансиските услови. Арсенал би можел да бара најмалку 80 милиони евра за неговите услуги.
На списокот на потенцијални кандидати се споменуваат и Кес Смит од АЗ Алкмар, Ангело Штилер од Штутгарт, Адам Вортон од Кристал Палас и Алекс Скот од Борнмут.