Ига Швојнтек ќе го скокне завршниот Мастерс во Индијан Велс

Ига Швјонтек се повлече од турнирот ВТА 500 во Нингбо поради повреда на бутниот мускул на левата нога, оставајќи ја практично без шанса директно да се квалификува за завршниот ВТА турнир во Индијан Велс.

Шесткратната шампионка на Гренд слем се повреди за време на полуфиналето на турнирот во Вухан, против сонародничката Маја Хвалинска. Иако нејзиниот физиотерапевт ѝ советуваше да го предаде мечот, Швјонтек продолжи и на крајот загуби во два сета.

Сепак, повредата се покажа како посериозна отколку што изгледаше на почетокот, па Полјачката мораше да се откаже од турнирот во Нингбо.

По поразот во полуфиналето во Вухан, Швонтек беше 545 поени зад Каролина Мухова, која моментално го зазема последното, осмо место што води на завршниот Мастерс во сезоната.

На нејзиниот распоред остануваат уште два турнири ВТА 500, во Нингбо и Токио, па математички таа сè уште имаше шанса да ја стигне, особено затоа што Мухова не планираше да игра на двата турнири.