Интер по 14 месеци доби „ново“ засилување, еве што му кажа Конте!

После повеќе од една година, Интер конечно го доби своето засилување. Ериксен успеа да се избори за место во тимот, а лидерот на Серија А сега го има „вистинскиот“ дански репрезентативец. Тоа го сигнализираше и Конте кога го замени во финишот на натпреварот против Милан, после кој Интер му побегна на ривалот на табелата на четири бодови разлика.
Медиумите го пренесуваат сјајниот гест на тренерот на Интер, кој во текот на замената му рече на Ериксен: „Ти си мој човек, знаев дека нема да ме изневериш“, по што го прегрна данецот кој година дена го чуваше на клупата. Ериксен успеа да се избори за место во екипата, сега е незаменлив, а од играч кој беше на продажба летото и оваа зима, стана главен архитект во нападот на Интер.
Сигурно е дека Интер сега е голем фаворит за титулата, подобра шанса не веруваме дека би имале, иако не е готово, Јувентус никогаш не смее да биде отпишан. Доколку шампионот вечерва го добие Кротоне, ќе биде на -8, но со натпревар помалку. Сепак, иако Интер оди во Торино, делуваат како да се подобар тим оваа сезона, а плус на тоа немаат никакви обврски освен првенството.