Ираола со три дилеми пред дербито со Сити

Ливерпул се соочува со сериозни проблеми со повредите пред неделниот дуел со Манчестер Сити на „Енфилд“. Александар Исак предвреме го напушти кампот на Шведска поради повреда на бутниот мускул, но селекторот Грем Потер оцени дека проблемот не е сериозен. Неговото враќање се очекува да биде проценето пред мечот со Сити.

Коди Гакпо, пак, се повреди на натпреварот на Холандија против Србија по силен старт на Саша Лукиќ и исто така го напушти репрезентативниот камп за да биде дополнително прегледан. За него засега нема точен датум за враќање.

Нов проблем е и Џереми Жаке, кој поради истегнување на левата задната ложа беше изоставен од составот на Франција за дуелот со Белгија.