Калин Ивановски елиминиран од турнирот во Златибор

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по паузата поради повреда по два месеца се врати на теренот, но не успеа да ја мине првата пречка на ИТФ 25 турнирот што се игра на Златибор.

Поуспешен од него беше Рио Табата од Јапонија со 2-1 во сетови (61 46 10-6 на поени).

Ивановски последниот меч го одигра кон средината на месец јули, па првиот сет ривалот го доби со 6.1 во гемови.

Во вториот сет противникот повторно водеше со 2:0 во гемови, но Ивановски успеа да направи пресврт и со два брејка го доби сетот со 6:4.

Во третиот сет се играше на поени, а Табата го доби сетот со 10-6. Сетот се играше на поени од причина што организаторите имаа проблеми со одигрувањето на мечевите претходните денови поради лошото време.

Ивановски следната недела го очекува настап на турнир во Пардубице, Чешка.