Кансело ги реши административните проблеми и потпиша за Барса

Шпанскиот шампион Барселона официјално потврди дека Жоао Кансело повторно ќе го носи дресот на каталонскиот гигант, овојпат како траен играч.

„Жоао Кансело и ФК Барселона постигнаа договор португалскиот фудбалер да му се приклучи на клубот. Дефанзивецот пристигнува со траен трансфер и потпишува договор како играч на Барса до 30 јуни 2029 година“, соопшти клубот.

За 32-годишниот Кансело ова ќе биде трет престој во Барселона. Претходно двапати настапуваше за каталонскиот клуб како позајмен фудбалер.