Кер: Подмладувањето не може да се случи преку ноќ

Стив Кер, тренерот на кошаркарите на Голден Стејт, се надева дека Калифорнија ќе може да додаде „помлади играчи“ во составот иако таквата идеја некогаш тешко се спроведува.
„Бев генерален менаџер и знам дека не можете магично да кажете: Добро, ќе го подмладиме тимот.Треба да имате средства или простор за да правите одредени работи“ – вели Кер.
„Ќе мора да се потпреме на целиот состав, вклучувајќи ги и играчите со двонасочни договори. Mногу сум задоволен од момците што ги имаме“ – вели тренерот на „Воините“.