Кин: Повеќе не го жалам Јунајтед, сега само се смеам!

Рој Кин ги нападна сите во Манчестер Јунајтед по нивната елиминација од Брајтон во Лига купот.
Јунајтед поведе со 2:0 во десеттата минута, а на крајот загуби со 2:3. На Манчестер Јунајтед не му се случило повеќе од 50 години да загуби натпревар во кој водел со 2:0 на „Олд Трафорд“.
„И пред натпреварот реков, не верувам дека Мајкл Карик е човекот што ќе му донесе трофеи на Јунајтед. И вечерва, во првиот Куп натпревар во кој тој го води клубот, тие се елиминирани од Брајтон. Тоа е истиот Брајтон што го елиминираше Манчестер Јунајтед од истото натпреварување минатата година во ова време. Помина една година, два преодни рока, нов менаџер, помалку потрошени пари и повторно сте на истото место, елиминирани сте од Брајтон.
Овде не станува збор само за менаџерот. Овој фудбалски клуб има проблем со менталитетот.
Го гледам Зиркзе како ја губи топката на својата половина и тоа воопшто не го загрижува. Го гледам Шешко како прави грешка што му помага на Брајтон целосно да се врати во натпреварот. Потоа Рашфорд има шанса еден на еден што играч на Јунајтед би морал да ја искористи и ја пропушта.
Во еден момент престанав да ги сожалувам. Почнав да се смеам. Бидејќи што друго можеш да направиш освен да се смееш, ова е срамно“, рече Кин.