КК Скопје го откажа настапот во АБА2 лигата

Kошаркарскиoт клуб Скопје, кој минатата сезона ја заврши како вицешампион и настапуваше под името Маџари, официјално го откажа настапот во АБА2 лигата за новата сезона.
По повлекувањето на македонскиот претставник, Собранието на регионалното натпреварување одлучи неговото место да остане празно.
Лигата ќе продолжи со преостанатите екипи, без дополнително пополнување на групата.
Сите натпревари кои Скопје требаше да ги одигра се откажани и нема да бидат регистрирани со службен резултат. Нивните противници, со тоа, нема да имаат обврска да настапат во предвидените термини.