Куртоа верен на Реал Мадрид до 2028 година

Реал Мадрид постигна договор со Тибо Куртoа за продолжување на соработката, па искусниот белгиски голман ќе остане дел од „кралскиот клуб“ до летото 2028 година, пренесуваат медиумите.
Според информациите на „Атлетик“, двете страни ги договориле условите за новиот договор, со кој ќе биде продолжен престојот на 34-годишниот чувар на мрежата во Мадрид. Неговиот актуелен договор истекува на крајот од оваа сезона.
Куртoа пристигна во Реал Мадрид во 2018 година и во изминатите години се наметна како еден од најважните играчи во тимот. Со своите одбрани имаше значаен придонес во успесите на шпанскиот гигант, вклучувајќи ги и освоените трофеи во Лигата на шампионите.
Белгиецот досега освои 12 трофеи со Реал Мадрид, меѓу кои три титули во шпанското првенство и два пехари во Лигата на шампионите.
Раководството на мадридскиот клуб очигледно нема намера да бара ново долгорочно решение на голманската позиција, бидејќи Куртoа и понатаму е меѓу клучните фигури во составот.