Кутињо пак ќе игра за Нејмар: Потпиша краткорочен договор со Сантос

Бразилакиот фудбалер Филипе Кутињо е нов играч на Сантос, објави бразилскиот клуб.
Кутињо (34) му се приклучува на клубот како слободен играч и потпиша договор со Сантос што важи до крајот на 2026 година.
Бразилскиот фудбалер го напушти Васко де Гама во февруари оваа година и оттогаш беше без клуб.
Со бразилската репрезентација во 2019 година ја освои Копа Америка, и за националниот тим запиша 21 гол во 68 настапи.