Легендарниот фудбалер на Стоук се сели кај Бекам

Долгогодишниот капитен на Стоук, Рајан Шоукрос ќе го напушти клубот после 14 години и одлучи на 33 години да се пресели во МЛС лигата. Тој кариерата ќе продолжи во Интер Мајами, каде еден од сопствениците е Дејвид Бекам.
Легендарниот англиски фудбалер, неодамна за тренер на тимот го доведе неговиот некогашен соиграч од Манчестер Јунајтед, Фил Невил.
Рајан Шоукрос исто така потекнува од Олд Трафорд, но никогаш не доби шанса кај Алекс Фергусон. Одигра само два меча во Лига купот во сезоната 2006/2007, беше испраќан како позајмен играч во Антверпен и Стоук, кој го откупи во 2008. година.
Шоукрос во дресот на Стоук своевремено го стекна статусот на еден од најдобрите дефанзивци во англискиот фудбал, но за репрезентацијата заигра само еднаш. Мина вкупно 14 сезони во Стоук, од нив 10 Премиер лигата. Одигра вкупно 451 натпревар за клубот. Сепак, после скршеницата на ногата во 2019 година, последните две сезони малку играше.