Лестер без 7 играчи за дуелот со Наполи

Поради проблеми со корона вирусот, екипата на Лестер Сити ќе биде ослабена за 7 поединци кои имале позитивни тестови пред нивниот натпревар со Наполи. 

Натпреварот се игра во рамките на последното коло од групната фаза во Лига Европа. Наполи на Елиф Елмас ако сака да го продолжи натпреварувањето во следната фаза мора да слави победа над гостите од Англија.

Оваа ситуација со сигурност ја отежнува ситуацијата во тимот на Лестер но може да биде предност за домаќините од Неапол кои се наоѓаат на третото место од групата Ц со еден бод помалку од лидерот Лестер.