Лина Ѓорческа поразена во Куршумлиска Бања

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во осминафиналето на турнирот во Куршумлиска Бања, откако доживеа пораз од Русинката Варвара Паншина.

Ѓорческа во мечот влезе со фаворитската улога, пред сè поради подобриот пласман на ВТА-листата, но Паншина одигра одличен натпревар и заслужено стигна до победата.

Паншина до победата стигна за еден час и 35 минути игра и направи изненадување со оглед на разликата во рангирањето. Ѓорческа моментално се наоѓа на 223. место на ВТА-листата, додека 20-годишната Русинка е 369. тенисерка во светот.