Македонија со победа го заврши настапот на ЕП

Нашите најдобри одбојкари го совладаа Израел со максимални 3-0 во последниот нивни меч во групната фаза на Европскиот шампионат.
Во салата во Софија, избраниците на селекторот, Јошко Миленковски, одиграа борбено, максимално пожртвувано и доминатно против селекцијата од „светата земја“ иако бодовите за нас немаа никакво значење.
Македонија со денешната победа и претходно со четирите порази од Бугарија, Украина, Полска и Португалија, го заврши настапот на четвртиот европски-шампионат. Денешниот меч беше последен за Вла