Мален од ПСВ Ајндховен на радарот на Милан

Главна трансфер цел на Милан во следниот преоден рок ќе биде талентираниот холандски напаѓач Донјел Мален.
Овој 20 годишен фудбалер кој ја помина академијата на Ајакс и Арсенал игра одлична сезона и веќе дебитираше со гол за холандската репрезентација. Мален пристигна во ПСВ за само еден милион евра, но неговата цена вртоглаво порасна, па сега е на мета на многу европски гиганти.
Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со неговиот агент Мино Раиола, а неговата цена во моментов изнесува помеѓу 20 и 30 милиони.