Матарацо потпиша нов договор со Штутгарт

Штутгарт го обнови договорот со тренерот, Пелегрино Матарацо до 30 јуни во 2024 година. 43-годишниот специјалист пристигна кај популарните „шваби“ на крајот на 2019 година и успеа да го однесе тимот во Бундес-лигата. Штутгарт во тековнава сезона е десетти и далеку од зоната за испаѓање. Матарацо е роден во Њу Џерси, а пред да стане тренер играше во пониските дивизии на Германија. Тој пред да го преземе кормилото на Штутгарт му беше помошник на Јулијан Нагелсман во екипата на Хофенхајм.