Матераци: Респект за Ибра, но јас би го избрал Лукаку

Марко Матераци има почит кон Ибрахимовиќ и Лукаку, но повеќе би го избрал Белгиецот.
Во еден период Матераци играше заедно со Ибрахимовиќ, но тоа не влијаеше да го избере Швеѓанецот. На оваа тема Матераци зборуваше пред неделното дерби на Интер против Милан и се произнесе во споредбата меѓу Лукаку и Ибрахимовиќ.
„Ибра е голем лидер и никогаш не сака да губи. Сепак кога би бил тренер би го избрал Лукаку затоа што е помалд. Како и да е тоа се двајца играчи кои можат да направат разлика“, изјави Матераци.