Мбапе: Лесно е да играш со Меси

Париз Сен Жермен оствари победа од 4:1 против Бриж во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

 Стрелци на по два гола за ПСЖ беа Килијан Мбапе и Лионел Меси а тимот од Париз обезбеди учество во осминафиналето од ЛШ.

По завршетокот на дуелот со гостите од Белгија, свое размислување даде и ѕвездата на тимот Килијан Мбапе.

„Лесно е да се игра со Лионел Меси, тој е најдобриот фудбалер во светот. Пред само неколку дена Ја освои Златната топка. Денес постигна два гола. Среќен е и се надевам дека ќе ни помогне во иднина”, изјави францускиот репрезентативец Мбапе за својот соиграч.