Мурат Јакин со сите ѕвезди доаѓа во Скопје

Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните натпревари во Лигата на нации, меѓу кои е и дуелот со Македонија.
Швајцарците на 26 септември ќе гостуваат во Скопје, каде што на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочат со Македонија, а Јакин ќе располага со голем број искусни репрезентативци.
На списокот се капитенот Гранит Џака, Мануел Аканџи, Рикардо Родригез, Ремо Фројлер, Брил Емболо, Ардон Јашари и останатите стандардни репрезентативци како и првиот голман Грегор Кобел.
Во составот има и две нови имиња. Првпат повик добија Винсли Ботели од Сион и Саша Бриги од Парма.
Посебно внимание привлекува присуството на Јохан Манзамби, кој неодамна се врати на терените по повредата и сега повторно е дел од репрезентативниот состав.
Емболо, сепак, нема да настапи на првиот натпревар против Македонија бидејќи е суспендиран. Тој ќе биде достапен за вториот меч на Швајцарија против Шкотска.