Наполи остана без повредениот Вергара

Офанзивниот играч за врска на Наполи, Антонио Вергара, има потешка повреда, објави калчо-лигашот. 23-годишниот италијански фудбалер се повреди на мечот со Турција во Лигата на Нации.

Вергара, кој во сезонава има запишано еден гол и една асистенција на четири настапи за Наполи, веројатно ќе отсуствува од терените 3–4 недели.

Тој нема да се појави на три меча во Лигата на шампионите и нема да игра на дерби средбите со Рома и Јувентус во Серија A.